
Лондонски Челзи одлучи да го продаде напаѓачот, а тој очигледно ќе ја продолжи кариерата во Астон Вила.
По долг период преговори, „сините“ очигледно постигнале договор за продажба на Николас Џексон на Астон Вила. Ексклузивната вест доаѓа од Санти Ауна од „Футмеркет“, кој вели дека клубот од Бирмингем испратил понуда од „околу 70 милиони евра, вклучувајќи бонуси“ за сенегалската ѕвезда.
Челзи наводно ја прифатил понудата и сега трансферот е еден чекор поблиску до реализација. Самиот фудбалер дал зелено светло бидејќи му се допаѓа проектот во Бирмингем, а имал и конкретни и ефикасни разговори со менаџерот на Вила, Унаи Емери.
Клубовите сега треба да се договорат за последните детали од трансферот, по што Џексон треба да помине медицинските прегледи.











