четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Инцидент во близина на Пентагон: Во судир на два автобуси се повредени...

Инцидент во близина на Пентагон: Во судир на два автобуси се повредени најмалку 23 лица, меѓу кои 10 вработени во Министерството за одбрана

35

Најмалку 23 лица беа повредени денес во судир меѓу два автобуса во близина на Пентагон, во Арлингтон, Вирџинија, САД, вклучувајќи 10 вработени во Министерството за одбрана на САД.

Според прес-службата на Пентагон, несреќата се случила кога се судриле автобуси од системите за јавен превоз Omni Ride и Fairfax Connector, објави Fox News.

„Службите за итни случаи превезоа 18 повредени лица во локалните болници за набљудување и лекување. Пет повредени патници беа лекувани на местото на настанот“, се вели во соопштението.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат црвен автобус OmniRide покрај сино возило за јавен превоз Fairfax Connector.

Во моментов не се дадени други детали за несреќата, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ