Воениот персонал случајно го активираше тобоганот на надувување за евакуација на претседателскиот авион, непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во него и да замине за Далас на конвенцијата на Републиканската партија, што предизвика одложување на неговото заминување, изјави денеска извор запознаен со ситуацијата.
Изворот за NBC изјави дека, поради инцидентот, Трамп останал во претседателскиот хеликоптер неколку минути наместо веднаш да излезе и да се качи во авионот, како што вообичаено прави.
На крајот, Трамп излезе на пистата додека официјални лица го проверуваа тобоганот, а подоцна им рече на новинарите дека тие едноставно „го проверувале тобоганот“ и дека немало никакви безбедносни проблеми.
„Не, тие го проверија претходно и само сакаа да се осигурат. Претпоставувам дека веќе го имаа наместено. Сакаат да бидат сигурни дека сè функционира беспрекорно“, рече Трамп.
На прашањето дали смета дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговори: „Безбеден е, во спротивно, немаше да бидам во него“.
Американскиот претседателски авион е подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му го донираше суперлуксузниот „Боинг 747-8 џамбо-џет“ на Трамп.












