
Новиот спортски директор на најтрофејниот италијански клуб Јувентус, Џовани Карневали, ја откри причината зошто „старата дама“ не ја продолжи соработката со српскиот интернационалец Душан Влаховиќ. Карневали за италијанските медиуми откри дека не го запознал Влаховиќ, односно немал средба, ниту пак имал телефонски разговор со фудбалерот.
„Никогаш лично не сум зборувал со него. Има шанси кои денеска повеќе ги нема, но утре повторно ќе се појават. Влаховиќ е фудбалер кој не беше во нашите планови“, изјави Карневали.











