Оштетувањето на оградата било откриено синоќа околу 23:00 часот, пренесува новинската агенција ДПА.
Од полицијата изјавија дека првичните докази укажуваат оти возило ја пробило оградата од страната на јавен пат.
Екипите за итни интервенции го пребараа аеродромскиот простор, но на лице место не пронајдоа ниту возило, ниту натрапници, наведува ДПА.
Претставници на властите изјавија дека засега не е јасно дали постои некаква поврзаност помеѓу пробивањето на оградата и претходниот упад со дрон, пренесе „Бета“.
Во август, на истиот аеродром беше извршен обид за напад со дрон натоварен со експлозив – инцидент за кој германските власти ја обвинија Русија, иако Кремљ ги отфрли тие тврдења.












