четврток, октомври 15, 2026
Дома СПОРТ Има 11 деца од седум жени, три ЛШ, светска титула и ништо...

Има 11 деца од седум жени, три ЛШ, светска титула и ништо на банкарската сметка

31
EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, Роберто Карлос, заработи богатство во текот на својата кариера, но денес отворено признава дека загубил речиси сè. Во едно неодамнешно интервју, тој зборуваше за финансискиот колапс што го погоди по завршувањето на играчката кариера. Тврди дека со текот на годините бил ограбен од луѓето на кои најмногу им верувал – агенти, деловни соработници, па дури и некои членови на семејството. Според него, од неговата сметка исчезнале околу 160 милиони евра, за кои проценува дека ги заработил играјќи фудбал.

На почетокот од 2025 година, се појавија шпекулации дека, поради разводот и финансиски проблеми, дури и побарал од Реал Мадид привремено да остане во неговиот тренинг-центар. Бразилецот цврсто го негираше ова во тоа време, но сега првпат призна дека навистина се соочил со сериозни финансиски проблеми.

Приватниот живот на Роберто Карлос е исто толку необичен како и неговата фудбалска кариера.

Легендарниот Бразилец има 11 признати деца од седум различни жени, зад себе има два брака и често беше тема на бразилските и на шпанските таблоиди токму поради бурниот љубовен живот.

Неговото долгогодишно пријателство со Роналдо Назарио, исто така, често ги освојуваше насловните страници, особено приказните за раскошните забави што ги организираа во текот на своите заеднички денови во Мадрид.

Помина 11 години во дресот на Реал Мадрид и одигра дури 527 натпревари, што го прави еден од странците со најмногу настапи во историјата на тој клуб.

Има три титули во Лигата на шампионите, четири титули во Ла Лига, во 2002 година беше светски шампион со Бразил, а на крајот ја заврши кариерата со 25 големи трофеи.

Роден во сиромашно семејство во државата Сао Пауло, Роберто Карлос работел во текстилна фабрика како момче пред да ја почне својата професионална кариера. Порасна и стана еден од најплатените фудбалери на својата генерација, но денес вели дека најголемата животна лекција му е тоа што им ја дал контролата врз парите на погрешни луѓе. Иако се има соочено со финансиска пропаст, легендарниот Бразилец вели дека не се откажува и дека верува дека ќе може повторно да застане на нозе, исто како што правел безброј пати во текот на својата богата фудбалска кариера.

 

ИЗДВОЕНИ