четврток, октомври 15, 2026
Дома БАЛКАН Хрватски министер со порака до Вучиќ: „Оди лечи се“

Хрватски министер со порака до Вучиќ: „Оди лечи се“

2

Александар Вучиќ, поранешниот претседател на Србија и носител на листата „Обединета Србија“, изјави дека ниту една земја досега се немала толку опсежно и брутално вмешано во изборите на друга земја, како што Хрватска се меша во претстојните парламентарни избори во Србија. Ова го пренесе агенцијата „Танјуг“ во четвртокот, а го цитираше хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Во изјава за телевизијата Б92, Вучиќ рече дека е добар потег тоа што Министерството за надворешни работи упати протестна нота до Хрватска поради нејзиното мешање во изборите во Србија, додавајќи дека тоа требало да се направи „можеби и илјада пати досега“.
Како што пренесува „Јутарњи“, меѓу високите хрватски функционери, одговор на Вучиќ му упати министерот за море, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.

Тој преку Фејсбук му упати кратка и јасна порака:

– Оди лечи се!

ИЗДВОЕНИ