Ужасни сцени го потресоа светот на мотоциклизмот на почетокот од новата сезона. Искусниот дански возач, Тобијас Томсен, член на Плимут, доживеа ужасна несреќа само 20 секунди по почетокот на својата прва трка во сезоната, а деталите за неговите повреди се шокантни.

Несреќата се случи на Вимборн роуд кога се судрија Томсен и возачот на Пул, Ричард Лосон, со голема брзина, влегувајќи во третата кривина. Двајцата возачи со голема сила ја удрија воздушната бариера. Додека Лосон успеа да стане и сам да се движи, Томсен остана неподвижен на патеката и моментно се бори за својот живот.

Доктори и две екипи на брзата помош му укажуваа лекарска грижа на патеката повеќе од еден час, додека тој загуби голема количина крв. Тој зборуваше од Одделот за интензивна нега во болницата „Пул“, каде што објави фотографии што ја покажуваат целата слика за ужасот што го преживеа.

  • Еве краток извештај од болница. Ја скршив бутната коска и имплантирана ми е метална прачка од коленото до колкот за да ја стабилизирам. Имам три мали скршеници на коските на лицето, околу окото, кои, за среќа, не бараат операција. Покрај тоа, имам скршено три ребра и прободен бел дроб. Конечно, имам мало крвавење во мозокот, докторот вели дека не е ништо сериозно – изјави храбриот Данец.

ИЗДВОЕНИ