сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Хаварија во Берлин: Трамвај се преполови,најмалку 20 повредени/ФОТО/ВИДЕО

Хаварија во Берлин: Трамвај се преполови,најмалку 20 повредени/ФОТО/ВИДЕО

45
EPA/CLEMENS BILAN

Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во сообраќајна несреќа во Берлин кога трамвај излетал од шините на кривина во источниот дел од градот. Сите повредени се хоспитализирани, објавува Шпигел.

Според противпожарната служба, дел од трамвај во населбата Лихтенберг веројатно удрил во столб од надземен далновод при влегување во кривина, поради што трамвајот се преполовил, а задниот дел од трамвајот излетал од шините.

Трамвајските линии во тој дел од градот се суспендирани.

ИЗДВОЕНИ