вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гужва на Богородица, граѓаните за продолжениот викенд тргнаа на море

Гужва на Богородица, граѓаните за продолжениот викенд тргнаа на море

68

Продолжениот викенд и примената на новата европска регулатива ЕСС предизвика гужва на граничните премини кон соседна Грција. Најмногу гужва се бележи на граничниот премин Богородица каде според информациите на МВР поминале 14.000 патници за 24 часа.

До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои излегле на овој граничен премин, а останатите 11.000 граѓани се од други држави.

На социјалните мрежи граѓаните споделуваат различни искуства – од брзо поминување на границата до долги чекања.

ИЗДВОЕНИ