Во април годинава, во однос на април лани, реалната стапка на прометот во групата трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во трговијата на мало, во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на промет во групите трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17,3 проценти, а реално за 11,3 проценти, а во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен горивото, номинално е намалена за 1,1 процент, а реално е зголемена за 5,2 проценти. Во трговијата на мало, освен трговијата со горива, номинално е зголемена за 8,6 проценти, а реално за 9,3 проценти, а во трговијата на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19,4 проценти, а номинално за 1,8 проценти.












