– Заедно со нашите истражувачи, учесниците имаа можност да научат како се набљудуваат и следат птиците на терен, но и зошто нивното присуство, бројност и движење се важни показатели за состојбата на екосистемите во Преспа – информираа од Македонското еколошко друштво, еден од реализаторите на манифестацијата „Мојот дел од природата“.
Целта на настанот е зајакнување на локалната свест за зачувување на природните вредности
Дваесетина граѓани од Преспа, Охрид и Битола се вклучија во организираното набљудување птици кај месноста во Сирхан, со поглед кон северното преспанско крајбрежје и паркот на природата „Езерани“.
Од Македонското еколошко друштво (МЕД) нагласија дека со тоа и официјално започнале активностите во рамките на јавната манифестација „Мојот дел од природата“.
– Заедно со нашите истражувачи, учесниците имаа можност да научат како се набљудуваат и следат птиците на терен, но и зошто нивното присуство, бројност и движење се важни показатели за состојбата на екосистемите во Преспа – информираа од МЕД.
Денеска, активностите во рамките на манифестацијата продолжија со граѓанскиот мониторинг на желки, а попладнето, на градскиот плоштад во Ресен, и со централната манифестација „Мојот дел од природата“, која понуди едукативна програма отворена за јавноста со цел зајакнување на локалната свест за зачувување на природните вредности.
Целта на настанот е зајакнување на локалната свест за зачувување на природните вредности.
Јавната манифестација „Мојот дел од природата“ се реализира во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија. Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.












