вторник, јули 21, 2026
Дома СВЕТ Градоначалникот на Њујорк се спрема да го уапси Нетанјаху кога ќе дојде...

Градоначалникот на Њујорк се спрема да го уапси Нетанјаху кога ќе дојде во градот, па проверува дали има право на тоа

93
epa13096060 New York mayor Zohran Mamdani (C) arrives as emergency services respond to a 38-story building under construction in Midtown Manhattan after workers discovered structural support beams beginning to buckle in New York, New York, USA, 07 July 2026. Multiple nearby buildings were evacuated as a precaution, including a hotel and a school. EPA/Olga Fedorova

Налогот што го издаде МКС за апсење на Нетанјаху и на други израелски лидери е со обвинување за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа, вклучувајќи „гладување како метод на војување, убиства, прогон и други нехумани дела“. Во текот на градоначалничката кампања, Мамдани ги окарактеризира воените акции на Израел во Газа како геноцид, а Нетанјаху како воен злосторник, изјавувајќи за „Њујорк тајмс“ дека ќе ѝ наложи на њујоршката полиција да го уапси Нетанјаху ако стапне некогаш во градот

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека е во „активни консултации“ со Министерството за правда на градот Њујорк во врска со можноста за апсење на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Мамдани рече дека неговата администрација сè уште размислува дали да го уапси израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ако дојде во Њујорк овој септември, за Генералното собрание на Обединетите нации.

– Верувам дека израелскиот премиер, Нетанјаху, треба да биде во Хаг. Тој е воен злосторник, кој е обвинет од Меѓународниот кривичен суд (МКС). Гледате, тоа е став што го делат многумина поради она што го предизвикале неговите постапки во текот на годините – рече Мамдани.

Тој додаде дека не е сигурен дали има законска основа да ѝ наложи на полициската управа на Њујорк, коа ја надгледува, да го притвори Нетанјаху.

– Што и да ни дозволува законот да правиме во Њујорк, тоа е она што ќе го направиме. Но, ние нема да пишуваме свои закони за таа цел – појасни градоначалникот на Њујорк.

Налогот што го издаде МКС за апсење на Нетанјаху и на други израелски лидери е со обвинување за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа, вклучувајќи „гладување како метод на војување, убиства, прогон и други нехумани дела“. Во текот на градоначалничката кампања, Мамдани ги окарактеризира воените акции на Израел во Газа како геноцид, а Нетанјаху како воен злосторник, изјавувајќи за „Њујорк тајмс“ дека ќе ѝ наложи на њујоршката полиција да го уапси Нетанјаху во случај тој некогаш да стапне во градот. Тој, исто така, ги осуди нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври 2023 година, нарекувајќи ги ужасно воено злосторство. Во извештајот на „Тајмс“ тогаш се цитираа правни експерти, кои проценија дека апсењето на Нетанјаху „би било практично невозможно“ за Мамдани и би можело да го доведе во директен конфликт со федералната влада на САД.

Нетанјаху, кој се соочува со тешка кампања за реизбор во октомври, ги отфрли заканите за апсење на Мамдани при неодамнешно појавување на радио.

– Мислам дека треба да погледне кого осудува, а кого фали. Тој го осудува Израел, единствената демократија што стои рамо до рамо со американските вредности и го брани Хамас, кој отворено повикува на масакр на секој Евреин на Земјата – рече Нетанјаху, додавајќи дека на Мамдани не му е грижа што оние што ги мразат Евреите и Израел на крајот ќе ја мразат и Америка, обвинувајќи го дека „тајно ја мрази Америка“.

И амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, го обвини Мамдани, првиот муслимански градоначалник на Њујорк, дека не успеал да се справи со зголемениот антисемитизам во својот град. Мамдани се спротивстави на ваквите обвинувања, истакнувајќи дека го зголемил финансирањето за канцеларија за борба против злосторствата од омраза.

– Израелскиот премиер, Нетанјаху, ќе дојде во Њујорк, ќе се обрати со гордост пред Генералното собрание на Обединетите нации и ќе застане пред светот за да ја каже вистината за Израел и неговото непоколебливо право да ги брани своите граѓани – рече Данон.

Амбасадорот на Трамп во ОН, Мајк Валц, исто така ја отфрли заканата на Мамдани како „чист политички театар“.

Неколку луѓе блиски до Мамдани рекоа дека ослободувањето на Палестинците се смета за едно од најважните морални прашања на нашето време и дека ставовите на Мамдани за Израел повеќе не се на маргините на Демократската партија. Речиси половина од демократите во Претставничкиот дом гласаа оваа недела за прекин на американската помош за Израел. Иако не беше доволно тоа за да се усвои мерката, сепак е важно затоа што укажа на промена во ставот на партијата кон еден од најважните сојузници на САД на Блискиот Исток.

САД не се членка на Меѓународниот кривичен суд и не ја признаваат неговата надлежност. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп постојано го критикуваше Судот и воведе санкции врз неговите службеници поради истраги во кои се вклучени американски и израелски граѓани. Државниот секретар, Марко Рубио, неодамна вети дека ќе го „распушти“ Судот, обвинувајќи го дека „води војна против нашата земја, не со куршуми или ракети“, туку со „силата на таканареченото меѓународно право“.

Изјавите на Мамдани предизвикаа остри реакции кај републиканците, како и меѓу другите, кои веруваат дека градоначалникот на Њујорк ги пречекорува своите овластувања и води надворешна политика што не е во надлежност на локалните власти.

ИЗДВОЕНИ