вторник, јули 21, 2026
Дома БАЛКАН Град го опустоши хрватскиот туристички бисер: Паѓаа ледени топки!/ФОТО/ВИДЕО

Град го опустоши хрватскиот туристички бисер: Паѓаа ледени топки!/ФОТО/ВИДЕО

262

Силна бура проследена со град го погоди Ровињ и неговата околина кратко по 9 часот утрово.

„Паѓаа ледени камења. Јавуваат дека има и полесно повредени граѓани. Не се сеќаваме на толку голем град во Истра“, објави ИстраМет.

Бројни жители на Ровињ и Ровињско Село испратија фотографии на кои се гледа дека градот бил со големина на орев на некои места.

Некои велат дека не се сеќаваат дека некогаш виделе да паѓа мраз со оваа големина, пренесе Дневник.хр.

Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде портокалово предупредување за регионот на Истра поради ризик од грмотевици.

„Утрово и рано попладне, локално се можни поизразени врнежи од дожд, а од пладне па натаму, грмотевици“, предупреди ДХМЗ.

Целиот јадрански брег е под портокалово предупредување поради силни ветрови, кои на некои места можат да достигнат сила на бура.

Надлежните органи ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи и препорачуваат следење на временските предупредувања во текот на целиот ден.

ИЗДВОЕНИ