Жители од Општина Ѓорче Петров, особено оние од населбата Дексион, во близина тамошната Очна болница, се жалат за нередовно водоснабдување. Тие се револтирани што во неделите воопшто немаат вода. – Во недела воопшто немаме притисок. Не можеме ниту да се искапеме, ниту да пуштиме машина за перење, ниту, пак, да зготвиме. Тоа е голем проблем, особено сега, кога се високи температурите и особено треба да се води грижа за хигиената – раскажува жителка.
Таа додава дека во работните денови, и тоа во вечерните часови од 19:00 часот, најверојатно поради тоа што луѓето ги полеваат градините, притисокот на водата е многу слаб. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека согласно со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022 година, била предвидена изведба на систем висока зона за населбата Ѓорче Петров, со што би се создале услови за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во населбата
Жители од Општина Ѓорче Петров, особено оние од Дексион, во близина тамошната Очна болница, се жалат на нередовно водоснабдување. Тие се револтирани што воопшто немаат вода во неделите.
– Во недела воопшто немаме притисок. Не можеме ниту да се искапеме, ниту да пуштиме машина за перење, ниту, пак, да зготвиме. Тоа е голем проблем, особено сега, кога се високи температурите и особено треба да се води грижа за хигиената – раскажува жителка.
Таа додава дека во работните денови, и тоа во вечерните часови од 19:00 часот, најверојатно поради тоа што луѓето ги полеваат градините, притисокот на водата е многу слаб.
Ѓорчепетровци бараат да им реши проблемот, бидејќи, како што велат, редовно ги плаќаат сметките и треба да добиваат соодветни услуги од ЈП „Водовод и канализација“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека согласно со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022 година, била предвидена изведба на систем висока зона за населбата Ѓорче Петров, со што би се создале услови за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во населбата.
– Во моментот, проблем со водоснабдувањето во овој дел од градот претставува недостигот на притисок во постојната водоводна мрежа за населбата Ѓорче Петров. Постојниот систем за водоснабдување на насeлбата добива вода од изворот Рашче по гравитациски пат, со притисок во мрежата од околу 1.5-2.0 бари и поради висинската поставеност на населбата во однос на котата на изворот Рашче, тој не е доволен за повисоките објекти во населбата, кои на некој начин се принудени да користат пумпни постројки за локално зголемување на притисокот во интерните инсталации на објектите – објаснуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
Притоа, информираат дека привршува изработката на проект, по што се очекува негова реализација во најкраток можен рок.
– Со реализацијата на овој проект, значително ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето на населбата Ѓорче Петров – нагласуваат од претпријатието.
(А. П.)












