Општина Чаир, во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, спроведува проширена акција за чистење и уредување на јавните површини за празникот Курбан бајрам.
Од Општината информираат дека, екипи од терен, заедно со сезонски работници, се ангажирани во чистење на улици, тротоари и јавни простори во различни населби, со цел обезбедување почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот.
Во рамки на акцијата биле извршени и активности за чистење и уредување на дворовите на џамиите на територијата на општината, а работата продолжила и во текот на ноќните часови согласно со потребите на терен.
Од Општина Чаир апелираат до граѓаните за заедничка грижа за јавната хигиена, со цел празникот да се дочека во достоинствена и уредена средина.












