недела, јули 12, 2026
Дома СКОПСКА Скопје ќе се позиционира како современ, отворен и автентичен европски културен центар

Скопје ќе се позиционира како современ, отворен и автентичен европски културен центар

22

Поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини, со што Скопје ќе се позиционира како современ, отворен и автентичен европски културен центар. Ова е предвидено со меморандумот за соработка што денеска го потпишаа скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, чија цел е унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град.

Од Град Скопје соопштија дека меморандумот претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и промоцијата на културните и туристичките потенцијали на градот.

 

ИЗДВОЕНИ