недела, јули 12, 2026
Дома СКОПСКА Учениците и најмалите од Карпош бојадисуваа огради и реквизити

Учениците и најмалите од Карпош бојадисуваа огради и реквизити

109

Со многу ентузијазам, тимска работа и дружба, учениците од „Кју-ес-ај“, Интернационално училиште Скопје, ја реализираа иницијативата „Ученици во служба на заедницата“, во рамки на програмата „Недела на учење надвор од училницата“.

Во соработка со Општина Карпош, детските градинки „Мајски цвет“ и „Пролет“ и ООУ „Лазо Трповски“, учениците учествуваа во активности за разубавување на просторот при што садеа нискоџбунести растенија, бојадисуваа огради и реквизити и со тоа придонесоа за поубава и поуредна средина за децата.

Од Општина Карпош, информираат дека во акцијата учествувал и претседателот на Советот, Христо Саракинов, давајќи свој придонес и пример за поддршка на ученичкиот активизам, соработката и заедничката грижа за општината.

– Оваа иницијатива е уште еден доказ дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени во заедницата, со активизам кој води кон создавање на подобра и поубава средина за сите – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ