Предупредување за итна евакуација, пожар се приближува до домовите: Драма во популарно грчко одморалиште, авиони и хеликоптери летаат над островот
Голем пожар избувна денес на грчкиот остров Саламина.
Пожарникарите се на местото на настанот, додека жителите се предупредени да се евакуираат.
Жителите на областа Панорама Селини се повикани да ги напуштат своите домови и да се упатат кон плажата преку системот 112 поради пожарот, објавува „Катимерини“.
Како што изјави за грчката јавна телевизија „ЕРТ“ заменик-портпаролот на Противпожарната служба, пожарот стигнал до куќите, но околу 13:00 часот ситуацијата била поповолна.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 90 пожарникари, три пешадиски екипи од првата единица на специјалните сили за шумски пожари (ЕМОДЕ), 23 противпожарни возила, два авиони и еден хеликоптер. Во операцијата се користат и цистерни на локалната самоуправа.












