Најтрофејниот тенисер на денешницава, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако со сигурна игра го совлада домашниот тенисер Валентин Ројер. Србинот уште еднаш покажа класа на париската земја, но натпреварот не помина без нервоза и бурна реакција.
Ѓоковиќ настапи во попладневниот термин, а мечот беше закажан од 16 часот. Поради тоа, се очекуваше дека условите ќе останат исти до крајот и дека нема да има потреба од дополнително осветлување.
Philippe-Chatrier’s lights came on midway through Novak Djokovic’s match and he was NOT HAPPY 😡
↳ Roland-Garros. Every Match. Live & On Demand. Centre Court in 4K.#StanSportAU #RolandGarros pic.twitter.com/TNoaFk71QT
— Stan Sport (@StanSportAU) May 28, 2026
Сепак, за време на една пауза, организаторите ги вклучија рефлекторите на централниот терен „Филип Шатрие“, што веднаш предизвика незадоволство кај српскиот тенисер.
- Има доволно светлина, реагираше налутено Ѓоковиќ кон главниот судија.
Судијата се обиде да ја објасни одлуката, велејќи дека организаторите не сакале да ги вклучуваат светлата на средина од сетовите.
Но, Новак не беше задоволен од одговорот и веднаш возврати.
- Зошто? Зошто? Почнува да се стемнува околу 21:45, зошто сега?, праша Ѓоковиќ.
Судијата му објасни дека на теренот веќе почнале да се создаваат сенки и дека условите станувале покомплицирани за игра.
Во кадарот можеше да се забележи и Амели Морезмо, директорката на турнирот, која ја следеше целата ситуација од трибините. Французинката видливо реагираше на расправата, а накратко размени и неколку збора со домашниот тенисер.
И покрај краткиот прекин и нервозата, Ѓоковиќ остана фокусиран, го контролираше мечот и без поголеми проблеми обезбеди место во следната рунда.











