сабота, октомври 17, 2026
Дома СВЕТ Трамп ги замрзна санкциите против Русија

Трамп ги замрзна санкциите против Русија

0
EPA/JIM LO SCALZO

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, замрзна нов пакет санкции против руската економија, само два дена пред тие да стапат на сила, наведувајќи дека оваа одлука е во национален интерес на САД.

Во извршна наредба потпишана доцна во петокот, Трамп посочи дека го известил Конгресот оти замрзнувањето „во овој момент е во национален интерес на Соединетите Држави“, иако не наведе конкретни причини за одлуката, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Според „Њујорк тајмс“ (The New York Times), во наредбата Трамп напишал дека САД ќе го „надгледуваат“ купувањето руска нафта од страна на други земји и дека неговите советници ќе дадат препораки за тоа дали треба да се преземат дополнителни мерки – како што е воведување царини.

ИЗДВОЕНИ