четврток, јули 16, 2026
Дома СПОРТ Го ставивме Олисе на иста маса со Зидан, а тој сè уште...

Го ставивме Олисе на иста маса со Зидан, а тој сè уште не е ни во кујната

13
epa13111589 Rodri of Spain (L) in action against William Saliba of France (R) during the FIFA World Cup 2026 semifinals match France against Spain, in Dallas, Texas, USA, 14 July 2026. EPA/ALBERT PENA

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. На натпревар на кој целосно доминираа, кај Шпанците убедливо најбледа партија покажа крилниот напаѓач на „триколорите“, Мајкл Олисе.

Ѕвездата на Баерн Минхен, кој важи за еден од најдобрите фудбалери во Франција и на целото Светско првенство, не беше на нивото на кое играше на остатокот од турнирот. На шест натпревари, тој намести пет гола и е најдобар асистент на СП 2026, но по полуфиналето, беше критикуван како и другите играчи.

Даниел Риоло, новинар во францускиот медиум RMC, беше најгласен во критиките.

– Се занесовме. Се зборуваше дека Олисе и Мбапе се најдобриот тандем што го имала Франција некогаш. Го стававме Олисе на маса со Зидан и со Платини, а тој сè уште не е ниту во кујната.

Сè што направи досега на турнирот, го направи затоа што имаше време и простор. Но, кога беше притиснат на средината од теренот, сфативме дека класичната „десетка“ не може да преживее во денешниот фудбал – кажа Риоло.

RMC наведува дека Олисе не направил никакви дриблинзи и загубил многу топки, поради што бил нервозен. Селекторот Дидие Дешамп го извади од теренот во 72. минута, кога влезе Рајан Черки во игра.

Мајкл Олисе е 24-годишен офанзивен играч на Франција и на Баерн Минхен. На Светското првенство, каде што играше на позицијата „десетка“, иако вообичаено беше крилен напаѓач, тој намести пет гола, што го прави најдобар асистент на турнирот.

Одличните настапи на Светското првенство дојдоа откако минатата сезона имаше 52 настапи, 22 гола и 31 асистенција во дресот на Баерн Минхен. Многумина го сметаат за еден од фаворитите за „Златната топка“ во 2026 година, но таквата слика драстично се промени по поразот од Шпанија во полуфиналето.

Во младоста го носеше дресот на Арсенал, Челзи, Манчестер сити и на Ридинг. Првите професионални чекори ги направи во Кристал палас, од каде што го купи Баерн Минхен во 2024 година, за 53 милиони евра. Денес, „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 150 милиони евра.

 

ИЗДВОЕНИ