Шпанија не само што ја освои светската титула туку и ќе си замине од Светското првенство со рекордна парична награда од 51 милион долари. „Црвената фурија“ ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија во големото финале, а херој беше Феран Торес со голот во 106. минута.
Со триумфот, Шпанците стигнаа до својата втора светска титула, додека Аргентина не успеа да ја одбрани круната освоена пред четири години. Клучен момент на натпреварот беше исклучувањето на Енцо Фернандес, по што Шпанија целосно ја презеде контролата и заслужено стигна до победата.
Освен трофејот, шпанските репрезентативци ќе добијат и сериозна финансиска награда. Дури 45 проценти од премијата од 51 милион долари ќе бидат поделени меѓу играчите, што значи дека секој од 26. шампиони ќе инкасира околу 940.000 долари пред оданочувањето.
Аргентина, пак, како вицешампион, ќе заработи 34 милиони долари, односно дури 17 милиони помалку од новите светски владетели. Англија ќе добие 30 милиони за третото место, а Франција, како четвртопласирана, ќе инкасира 28 милиони долари.
ФИФА годинава обезбеди рекорден награден фонд, а дополнителни 168 милиони долари ќе бидат распределени меѓу сите селекции што настапија на Светското првенство, без разлика на конечниот пласман. Со тоа, Мундијалот 2026 стана најбогатиот во историјата и на теренот и надвор од него.











