вторник, јули 21, 2026
Дома МАГАЗИН Повеќе од 200.000 кристали и 120 часа рачна работа: Костимот на Шакира...

Повеќе од 200.000 кристали и 120 часа рачна работа: Костимот на Шакира за финалето на Светското првенство е вистинско модно ремек-дело

129
EPA/WILL OLIVER

Шакира не само што ја воодушеви публиката со својот настап на полувремето од финалето на Светското првенство, туку и со спектакуларниот костим кој привлече огромно внимание од љубителите на модата ширум светот.

Колумбиската ѕвезда зачекори на теренот на стадионот во Њу Џерси во специјално изработена креација од модната куќа Роберто Кавали, дизајнирана од креативниот директор на брендот Фаусто Пулјизи.

Најимпресивниот детаљ беше бодито украсено со повеќе од 200.000 кристали Сваровски, кои беа рачно шиени во текот на 120 часа.

Костимот беше дизајниран да блеска под рефлекторите на стадионот, но и да ги следи препознатливите танцови движења на Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Комбинацијата од два дела се состоеше од блескаво боди и впечатлива здолниште со реси во нијанси на портокалова, жолта и розова, инспирирана од зајдисонцето.

За оваа пригода беше создаден сосема нов модел наречен „Зрак на зајдисонце“ (Ray of Sunset), кој беше создаден како посебна интерпретација на познатиот мотив „Зрак на злато“ (Ray of Gold), по кој е познат Роберто Кавали.

Дури 34 танчери носеа костими инспирирани од комбинацијата на Шакира, исто така изработени по моделот „Зрак на зајдисонце“. Некои настапија во дводелни комплети со вкрстени маички и здолништа, додека други беа облечени во маички без ракави и широки панталони.

За време на настапот, Шакира ја изведе песната „Даи Даи“, официјалната химна на Светското првенство во 2026 година, заедно со Бурна Бој.

Шакира претходно настапи на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Мексико Сити, каде што носеше специјално дизајнирана креација од модната куќа Оф-Вајт во комбинација од жолти, бели и виолетови тонови.

ИЗДВОЕНИ