среда, септември 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Германија воведува повисока „мајчинска пензија“: Дополнителни пари за секое дете

Германија воведува повисока „мајчинска пензија“: Дополнителни пари за секое дете

Воведувањето на нов пакет мерки познат како „Mütterrente III“ (пензија за мајчинство) ќе обезбеди повисок месечен приход за милиони пензионери во Германија кои одгледувале деца родени пред 1992 година.

5

Родителите во Германија ќе добијат повисоки пензии благодарение на новото законско решение со кое се зголемува периодот признаен за одгледување дете во рамките на задолжителното пензиско осигурување.

Според новото правило, периодот признат за одгледување дете се зголемува од досегашните 2,5 на три години за секое дете. Тоа значи дополнителни 0,5 пензиски поени (Entgeltpunkte) по дете.

Законот официјално стапува во сила на 1 јануари 2027 година, но поради потребните технички и административни прилагодувања, германското пензиско осигурување (Deutsche Rentenversicherung) се очекува да започне со исплатите во текот на 2028 година.

Тоа, сепак, не значи дека пензионерите ќе останат без средствата што им следуваат за 2027 година. Предвидено е тие да бидат исплатени ретроактивно, како еднократна исплата на заостанатите средства.

Колку ќе биде зголемувањето?

Висината на зголемувањето зависи од вредноста на пензискиот поен. Во моментов еден пензиски поен вреди 42,52 евра, што значи дека дополнителниот половина поен носи:

21,26 евра бруто повеќе месечно за секое дете.

Така, родител со две деца би добивал околу 42,52 евра бруто повеќе месечно, според сегашната вредност на пензискиот поен.

Сепак, ова се минимални пресметки. Вредноста на пензискиот поен редовно се усогласува, а новата вредност од 1 јули 2027 година може да биде повисока. Поради тоа, и конечниот износ на зголемувањето и ретроактивната исплата може да бидат поголеми.

Кој ќе го добие зголемувањето?

За најголемиот дел од пензионерите нема да биде потребно поднесување посебно барање.

Оние кои веќе се пензионирани ќе го добијат зголемувањето автоматски, а истото важи и за идните пензионери доколку податоците за периодот на одгледување на децата веќе се внесени во нивната пензиска сметка.

Дополнителна документација ќе треба да достават само родителите кај кои периодот на одгледување деца досега не бил официјално евидентиран во пензискиот систем.

Важно е да се има предвид дека станува збор за бруто износи. Од нив се одбиваат редовните придонеси за здравствено осигурување и осигурување за нега, а зголемувањето може да влијае и врз одредени социјални бенефиции, како надоместокот за домување (Wohngeld) и основното осигурување (Grundsicherung).

ИЗДВОЕНИ