петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Германија го стопира извозот на оружје и воена опрема во Израел

Германија го стопира извозот на оружје и воена опрема во Израел

228
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека тој и неговата влада ќе го запрат целиот извоз на оружје и воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа.

Оваа реакција е одговор на најавата на Израел дека ќе го окупира градот Газа и целата енклава.

„До понатамошно известување, Германија нема да одобри извоз на воена опрема во Израел доколку постои можност таа да се користи во Газа“, рече Мерц откако беа објавени плановите на Израел.

ИЗДВОЕНИ