„Пакомак“ ја претстави новата еколошка иницијатива „Едно шише – два поени“, која ќе се реализира во основните училишта на територијата на Општина Карпош, со цел поттикнување на еколошката свест и правилното селектирање на отпадот.
Целта е едноставна – учениците да селектираат и рециклираат повеќе, а преку интересен натпревар и тимска работа да стекнат навики кои ќе ги применуваат и во секојдневниот живот.
– За секое пластично шише одложено во вендинг-машините на „Пакомак“, поставени во поголемите супермаркети, „Пакомак“ ќе донира дополнителен поен за одделението – објаснуваат од Општина Карпош.
На крајот од учебната година ќе следува и завршен настан на кој ќе бидат прогласени најеколошките одделенија, а „Пакомак“ ќе додели симболични награди за нивниот труд и придонес.










![[Интервју] Нина Елзесер: Наивната искрена љубов кон ликовите во минатото ме направи она што сум денеска](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/10/dsc_3380-100x70.jpg)

