По иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, како и на поранешните ученици од ОУ „Иван Горан Ковачиќ, утре, токму на патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“, се организира голем хуманитарен настан.
Станува збор за одбојкарски спектакл – ревијален натпревар „Искуство версус Младост“ помеѓу професорките и ученичките, навивачите, врвните македонски музичари и поддржувачите, кои се здружуваат за хуманитарна кауза. Главната цел на овој празничен настан е да се соберат финансиски средства за комплетно обновување на надворешното игралиште за одбојка во дворот на училиштето славеник. Ревијалниот одбојкарски натпревар е со почеток во 17:00 часот, а ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“.
Веднаш по спортскиот дел, ќе се одржи големата хуманитарна забава во холот на училиштето, со почеток во 19:00 часот. За одличната атмосфера и за незаборавната прослава на патронатот ќе се погрижи врвен состав од докажани македонски уметници, сите ученици од ОУ „Иван Горан Ковачиќ“: Мартина Христовска, Игор Атанасоски (Гуру Харе), Петар Ренџов (Пепи), Павел Ренџов (Павка), Сенад Усеин (Сенко), Трајко Симоновски (Таци) –Арсо Јаневски (Раста).












