ФОТО: П.Стојановски
Бранителот на тронот, тимот на МЗТ Скопје, е на еден чекор од нова титула во кошаркарската „МТЕЛ“ супер лига откако со 81:76 го добија и вториот натпревар од финалната серија против екипата на Маџари.

Популарните „штркови“ имаат потреба од уште една победа, која ќе се обидат да ја остварат на гостински терен, а тој натпревар е закажан за во недела.












