
Барселона ќе го започне животот без Роберт Левандовски веќе од следната сезона. Легендарниот Полјак се збогува со каталонскиот гигант по четири години, а челниците на Барса веќе ја започнаа потрагата по неговиот наследник.
Медиумите кои важат за блиски до тимот од „Ноу Камп“ тврдат дека тоа може да биде Аргентинецот Лаутаро Мартинез.
Напаѓачот веќе осум години е дел од калчолигашот Интер. Честопати се поврзуваше со заминување од „Џузепе Меаца“, а сега Барса наводно е заинтересирана за неговите услуги.
„Барселона ги контактираше агентите на Лаутаро Мартинез за да се распраша за бројката што Интер би можел да ја побара. Тој е нивна опција покрај Хулијан Алварез и Жоао Педро“, тврдо аргентинскиот TyCSports.
Аргентинец е проценет на 85 милиони евра и има договор со Интер до 2029 година. Мартинез е лицето на клубот со години, тој ја има капитенската лента на раката, па неговата продажба дефинитивно би бил огромен удар за „нероазурите“. Лаутаро пристигна во Интер во 2018 година од Аргентински Расинг откако беше купен за 25 мил. евра.
Одигра 376 натпревари во „црно-синиот“ дрес во последните осум години и има учинок од 175 гола и 56 асистенции.
Во Каталонија се надеваат дека желбата на играчот би можела да игра клучна улога. Лаутаро никогаш не ги криел своите амбиции да игра за еден од апсолутните европски гиганти, а Барселона, и покрај финансиските проблеми во последните години, сè уште е магнет за најголемите ѕвезди.











