Силно невреме попладнево го зафати Скопје, проследено со многу силен ветер кој предизвика хаос низ повеќе делови од градот. Силните налети на ветерот корнеа кровови, уриваа сообраќајни знаци и кршеа гранки, при што се оштетени и повеќе возила.
Управата за хидрометеоролошки работи претходно најави дека попладнево во делови од Скопската Котлина ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според денешната прогноза на УХМР, во одделни делови од земјата постојат услови и за изолирано невреме со појава на град.
















