Во неделата, при контрола на Капетанијата, Езерската полиција и од Полициската станица – Охрид , алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица било утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта.
– Контролирани се 13 пловни објекти и 13 физички лица, притоа констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба. За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал – велат од Министерството за транспорт и врски и најавуваат дека ќе има засилени инспекциски контроли и во наредниот период и апелираат навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба.