среда, септември 2, 2026
Дома БАЛКАН Европските метеоролози прогнозираат: Овој јули ќе биде еден од најпријатните во поновата...

Европските метеоролози прогнозираат: Овој јули ќе биде еден од најпријатните во поновата историја

108

По невообичаено жешкиот јуни со температури што одеа над 40 Целзиусови степени, поради кои многу луѓе починаа, Европа ужива во пријатни летни температури во јули, а метеоролозите имаат одлични вести за до крајот на месецот.

Суперкомпјутерите на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ЕЦМВФ) во Рединг, близу  Лондон, четирипати дневно даваат стотици можни комбинации на временски случувања – од такви за кои има најголема веројатност, до оние за кои има мала веројатност да се случат. Според тие прогнози, на крајот од оваа недела и со првите денови од третата декада од јули, на Балканот би можел да пристигне значително посвеж воздух од северот на Европа, носејќи невообичаено пријатни температури на воздухот за периодот, далеку пониски од повеќегодишниот просек. Речиси цела Европа би можела да се олади, а крајниот југозапад би можел да остане топол, наведува „Слободна Далмација“.

За до крајот на овој месец се прогнозирани температури под 30 степени, но и повремена нестабилност на времето.

ИЗДВОЕНИ