петок, октомври 2, 2026
Дома СВЕТ Европската Унија ѝ префрли 2,9 милијарди евра на Украина

Европската Унија ѝ префрли 2,9 милијарди евра на Украина

14

Европската Унија ѝ префрли 2,9 милијарди евра на Украина во рамките на програмата „Инструмент за Украина“ (Ukraine Facility), објави украинскиот премиер Серхиј Корецки.

Корецки изјави дека Украина се квалификувала за овие средства преку спроведување на 10 клучни реформи во текот на првиот и вториот квартал од оваа година, како и во претходните периоди, пренесува „Украинска правда“.

Реформите опфатија сектори како банкарството, енергетиката, земјоделската политика, транспортот и други области, при што три од нив беа завршени пред предвидениот рок.

„Со оглед на тешката финансиска ситуација, овие средства се од клучно значење за отпорноста на државата, бидејќи ги покриваат клучните расходи и ни овозможуваат да насочиме повеќе од сопствените ресурси кон одбраната“, рече Корецки во врска со исплатата од ЕУ кон Украина.

Тој нагласи дека потребите за финансирање на Украина остануваат критични, додавајќи дека владата максимално го забрзува носењето на сите релевантни одлуки и соработува со парламентот за усвојување на потребната законска регулатива.

ИЗДВОЕНИ