Само една состојка може значително да го подобри вкусот на ајварот.
Секој домашен мајстор во кујната има свој начин на подготовка на традиционалниот ајвар, а ние ви откриваме една тајна состојка што гарантирано ќе го подобри вкусот: рен.
Состојки:
- 3 килограми црвени пиперки
- 300 грама рен
- 3 децилитри масло
- 1 децилитар бел алкохолен оцет
- 1 лажица сол
Подготовка на ајварот
Добро измијте ги пиперките и сомелете ги. Потоа, ставете ги во големо тенџере и варете додека смесата не се згусне.
Додајте ги солта и маслото и варете додека сите состојки убаво не се соединат. Додајте ги ренот и оцетот, па добро измешајте, пренесува City Magazine.
Сипете го ајварот во загреани, стерилизирани тегли. Откако ќе ги затворите, покријте ги теглите со фолија.
Вака подготвениот ајвар треба да отстои на суво место најмалку 24 часа пред консумирање.












