понеделник, јуни 22, 2026
Дома СВЕТ „Еуроњуз Србија“: Што ја очекува Романија по падот на проевропската влада –...

„Еуроњуз Србија“: Што ја очекува Романија по падот на проевропската влада – она што ќе се случи следно е клучно, можни се две главни сценарија“

1994
EPA/Robert Ghement

Парламентот во Романија денеска изгласа недоверба на владата на Илија Боложан. Според објавените резултати од гласањето, 281 пратеник гласаше „за“ предлогот, што значи дека проевропската влада ја изгуби довербата на парламентот.

Боложан ја водеше малцинската влада до крајот на април, кога левичарските Социјалдемократи – најголемата партија во парламентот, побара негова оставка, а потоа ја напуштика коалициката со четири проевропски партии и се здружи со крајната десна опозиција за да започне гласање за недоверба.

Слично сценарио се случи точно пред една година кога на 5 мај 2025 година, тогашниот премиер Марсел Чолак, поднесе оставка поради неуспехот на кандидатот од неговата коалиција во првиот круг на претседателските избори, што тој го доживеа како губење на легитимитетот на владата.

„Што се однесува до мене, без оглед на исходот од гласањето, ве уверувам дека нема да се откажам од вредностите што ги почитував во текот на целата моја политичка кариера. Ќе се борам до крај за реформите во кои верувам, за модерна Романија, за подобрување на квалитетот на животот на Романците. Им се заблагодарувам на Романците за нивните напори во овој период и за издржувањето на некои проблеми. Ова беше напорот со кој ја вративме земјата на патот на модернизација и раст“, ​​рече Боложан.

Одлучувачкиот фактор за падот на владата во Букурешт беше конфликтот околу економските мерки, откако премиерот воведе строги мерки за штедење за намалување на буџетскиот дефицит од околу 9 проценти од БДП.

Даниел Комана, новинар на „Еуроњуз Србија“, зборуваше повеќе за тоа што ја очекува Романија во наредниот период.

„Причината за оваа криза е падот на владејачката коалиција. Поточно, Социјалдемократската партија ја повлече својата поддршка за владата. Но, подлабоките причини се политичките тензии, несогласувањата околу економските политики и пошироката борба за власт. Предлогот беше одобрен со големо мнозинство, вклучувајќи и необичен договор меѓу социјалдемократите и националистичката опозиција, што само покажува колку флуиден и нестабилен станал политичкиот пејзаж во Романија“, рече Комана, додавајќи:

„Она што ќе се случи следно е клучно. Претседателот ќе се консултира со политичките партии и ќе номинира нов премиер. Главните можни сценарија се или реконструкција на владејачката коалиција и формирање технократска влада, или, ако нема мнозинство, распишување предвремени избори. Засега, Романија е управувана од привремен кабинет, но вистинското прашање е колку брзо може да се врати политичката стабилност – бидејќи пазарите веќе реагираат.“

 

ИЗДВОЕНИ