понеделник, септември 28, 2026
Дома СВЕТ Епидемијата на ебола во Конго останува надвор од контрола: Стапката на смртност...

Епидемијата на ебола во Конго останува надвор од контрола: Стапката на смртност е речиси 50 проценти

0

Заклучно со 26 септември, потврдени се 8.067 случаи на ебола и 3.901 смртен случај во седум од 26-те провинции на Конго, при што стапката на смртност надминува 48 проценти; земјата и понатаму се соочува со недостиг на здравствени работници потребни за сузбивање на смртоносната болест, соопшти денеска Министерството за здравство на Конго.

 

На 15 мај, Конго прогласи епидемија предизвикана од реткиот вирус „Бундибугјо“ – за кој не постои ниту одобрен третман, ниту вакцина – и оттогаш се соочува со тешкотии да ја стави епидемијата под контрола, пренесува „Асошиејтед прес“.

„Постојано високата стапка на смртност, а особено големиот број смртни случаи во заедниците, ја истакнуваат сериозноста на болеста и тековните предизвици поврзани со навременото откривање на случаите и пристапот до рана и соодветна грижа за пациентите“, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација.

Минатата недела, Светската здравствена организација објави дека Конго се соочува со недостиг на здравствени работници; персоналот се жалел на доцнење или неисплаќање на платите, што довело до неколку штрајкови. Според податоците на Африканските центри за контрола и превенција на болести, 50 здравствени работници починале откако била прогласена епидемијата.

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести, тековната епидемија се шири побрзо од онаа што траеше две години во регионот на Западна Африка. За време на регионалната епидемија помеѓу 2014 и 2016 година, до 19-тата недела биле евидентирани 3.781 случај, додека досега се регистрирани 7.840 случаи.

ИЗДВОЕНИ