Бразилскиот интернационалец Ендрик ќе биде првиот фудбалер кој ќе ги напушти редовите на шпанскиот гигант Реал (М) за време на зимскиот преоден рок. Младиот напаѓач повеќе не крие дека е разочаран од очајната минутажа која ја има во актуелната сезона и затоа побарал од клупските челници да му доволат позајмица во јануари. Најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Милан и на Манчестер Јунајтед.












