Со песната  „Хеј, жено“, Велевска упатува силна емотивна порака до понежниот пол. Воедно, открива  дека целиот текст додека ја снимала песната, го отпеала во еден здив. Дотолку ја погоди тоа. – Песната е чувана само за мене. Дури и се расплакав по снимањето. Тоа сум јас, исклучително емотивна личност! Средбата со Елена беше исклучително срдечна, бидејќи се немаме видено кој знае од кога. А, кога почнавме да муабетиме, не можевме до збор да си дојдеме, бидејќи имавме што да кажеме еден на друг.

За себе вели дека е иста како во народната поговорка за среќниот човек: тој е како сонце, каде оди, сѐ осветлува. А, токму таква е нашата популарна пејачка Елена Велевска. Каде и да оди, каде и да зачекори, осветлува и грее сè околу себе. Неодамнешната средба со неа се случи на промоцијата на новото цеде на нејзиниот драг колега, Александар Ицов. Елена притоа ни откри некои нови, непознати работи и случувања од својот интересен професионален и приватен живот.

Најпрво, средбата беше исклучително срдечна, бидејќи се немаме видено кој знае од кога. А, кога почнавме да муабетиме, не можевме до збор да си дојдеме, бидејќи имавме што да кажеме еден на друг. Велевска радосно зборуваше за своите почетоци на естрада кога уште како девојче со 15 години многу ги засака, пред се песните кои ги пеат Благица Павловска и Наум Петрески. Талент за музика го наследила од семејството, а и нејзините ќерки Софија и Калија, како и синот Марко пеат преубаво.

За својот развод, кој е неизбежен во секој муабет, а кој ја потресе македонската естрада никогаш не сакаше многу, многу да раскажува. Но, истакнува дека е среќа што конечно нема веќе со бившиот сопруг море од бранови, туку сега се си е на свое место.

За да не им се прават стресови на децата, јас ги избегнував тие муабети во медиумите, без разлика на тоа што ја разбирам новинарската љубопитност. Сфаќам дека новинарите живеат за скандали од животот на популарните, но и тие треба мене да ме разберат. Само поради децата, кои не се должни да го трпат теретот на мојот развод и теретот на мојата популарност. Јас за нив не сум пејачка, туку пред се грижлива мајка, која се ќе направи да им биде добро. Секогаш ќе се трудам нив да им е убаво, така што многу е логично јас и бившиот сопруг, да сме во какви-такви нормални комуникации, искрено вели Велевска, која ништо не изгубила од оној својот секспаил, од харизмата, од шармот, на една градска жена.

И не е само нејзиниот развод тема на муабети на дежурните трачари. Едно време од такт ја вадеа трагичните лажни вести. Но и на тоа се навикна, бидејќи брзо се покажа дека се чисти измислици. Самата за себе прочитала  на социјалните мрежи, дека си го одзела животот, така што се обесила. Освен претрпениот шок и страв од стравот за тоа како ќе реагираат нејзините најсакани, Велевска упати куса, но силна порака: – Уште само тоа немав прочитано за мене. Жално и бедно е што се’ се користи за лајкови. Срамота, од страната на болните мозоци, порача Елена.

Со најновата песна  „Хеј, жено“ преку која упатува силна емотивна порака до понежниот пол, Елена воедно признава дека целиот текст додека ја снимаше, го отпеа во еден здив. До толку ова песна ја погоди . -Чувана  е само за мене. Дури и се расплакав по снимањето. Тоа сум јас, исклучително емотивна личност. Кој сака нека верува, кој не сака и не мора. Со сила ништо не бива, како и во самиот живот на секој од нас. Не правете апсолутно ништо што не ви создава душевна радост, мир, спокој.

Генерално кажано јас сум многу едноставна во комуникациите со луѓето. Секој добар човек го прифаќам за дружењето, и ако се среќавав со многу измамници. Веројатно таква е естрадата самата по себе. Постигнав се што сакав. Денес апсолутно уживам во својот живот. Се разбира со моите три деца.

Дуле МИЌИЌ – фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ