Две лица загинаа, а две се тешко повредени во пад на мал авион во Австрија, соопштија службите за итни случаи во неделата.
Несреќата се случила во близина на Гаминг на истокот од земјата, изјави портпарол на Центарот за итни операции на Долна Австрија за новинската агенција dpa.
Еден маж и едно лице кое сè уште не е идентификувано загинаа, рече портпаролот. Друг маж и една жена се однесени во болница со хеликоптер со тешки повреди. Сè уште нема детали за жртвите.
Портпаролот на полицијата изјави дека во авионот имало вкупно четири лица и дека леталото се урнало во тешко достапна област.
Полицијата сè уште не објавила информации за рутата на летот или за можната причина за несреќата.
Гаминг е мала рурална општина во сојузната држава Долна Австрија. Селото се наоѓа во близина на планината Етшер, која е малку пониска од 1900 метри, пренесе „Хина“.












