недела, јули 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во различни полициски акции во Скопје, Струга и Кичево, од слобода се...

Во различни полициски акции во Скопје, Струга и Кичево, од слобода се лишени 8 лица кај кои при преглед е пронајдена дрога

31
Фото:фб, МВР

Во различни полициски акции во Скопје, Струга и Кичево припадници на полицијата лишиле од слобода осум лица, кај кои при преглед е пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител.
На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

ИЗДВОЕНИ