Две лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето, загинаа, а четворица други се повредени во вооружен напад што се случи во близина на теретана во населбата Логан Серкл во Вашингтон, соопшти денеска полицијата.
Вршителот на должноста началник на полицијата во Вашингтон, Џефри Керол, на прес-конференција изјави дека, додека полицијата преговарала со осомничениот – кој се забарикадирал во еден стан – од тој стан се слушнал истрел, пренесува „Фокс њуз“.
Полициските службеници потоа насилно влегле внатре и го пронашле осомничениот со прострелна рана, која, според извештаите, си ја нанел самиот. Според Керол, осомничениот пукал и кон полициските службеници од зградата во која се наоѓал, пренесе „Танјуг“.












