Битола не случајно е расадник на талентирани спортисти, особено во ракометот и кошарката, беше потенцирано на средбата на градоначалникот на општина Битола. Тони Коњановски, со државните прваци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во ракомет во машка и женска конкуренција, како и со трето пласираните на државно ниво во кошарка, на ниво на средни училишта во земјава.
– Освоените пехари, се само доказ дека имаме иднина во спортот и таа иднина треба постојано да ја надградуваме. Како локална самоуправа, континуирано вложуваме во училишниот спорт, што се потврдува и со реконструкцијата на спортските сали. Аплициравме за изградба на нови три спортски сали, како и за 10 спортски терени во училиштата. Успехот на нашите ученици е само мотив повеќе, да се грижиме за младите и за нивниот квалитетен физички развој и идни домашни и меѓународни спортски успеси – рече Коњановски.