среда, октомври 14, 2026
Дома СКОПСКА Доделени решенијата за субвенции за набавка на инвертери

Доделени решенијата за субвенции за набавка на инвертери

80

Во просториите на Општина Гази Баба, денеска на граѓаните им беа доделени решенијата за субвенции за набавка на инвертер клима уреди.

Според општинските власто тоа е мерка која носи конкретна финансиска поддршка за семејствата и придонесува кон поекономично користење на електричната енергија.

-За нас, секоја мерка има смисла само доколку носи вистинска корист за граѓаните. Инвертер клима уредите не се само инвестиција во удобноста на домот, туку и во енергетската ефикасност, поефикасното греење и ладење и намалувањето на трошоците за електрична енергија. Особено нè радува што преку ваквите програми можеме директно да им помогнеме на семејствата и да покажеме дека институциите се тука за граѓаните – соопштија од локалната самоуправа, потенцирајќи дека во време кога енергетската ефикасност станува сè поважна, вложувањето во современи и економични решенија е вложување во подобар стандард и посигурна иднина.

ИЗДВОЕНИ