четврток, август 27, 2026
Дома СВЕТ Русија размислува за посилни ракетни напади врз Киев по застојот во преговорите

Русија размислува за посилни ракетни напади врз Киев по застојот во преговорите

0
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Русија размислува за засилување на нападите со балистички ракети врз Киев, вклучувајќи цели во центарот на градот и критичната инфраструктура низ цела Украина, откако заклучи дека напорите за постигнување мировен договор се во ќорсокак, објави „Блумберг њуз“ во среда, повикувајќи се на три лица блиски до Кремљ.

Рамката за преговори во суштина се распадна, а претседателот Владимир Путин сè уште не е подготвен да ја заврши војната како одговор на санкциите или украинските напади врз руските рафинерии и логистички мрежи.

Извештаите за можна ескалација доаѓаат во време кога мировните напори се во застој, а Русија и Украина продолжуваат со меѓусебните напади. Експлозии се слушнаа во Киев рано наутро во четвртокот кога руски дрон и ракета го погодија теренот, а украинските власти издадоа тревога за балистичка ракета.

ИЗДВОЕНИ