четврток, октомври 22, 2026
Дома СПОРТ Билетот за „Ел Класико“ чини вистинско богатство

Билетот за „Ел Класико“ чини вистинско богатство

25
epa12484464 Real Madrid's Vinicius Jr (L) in action against Barcelona' Lamine Yamal (R) during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and FC Barcelona, in Madrid, Spain, 26 October 2025. EPA/SERGIO PEREZ

За нешто повеќе од 24 часа ќе стартува најголемиот натпревар во светот, оној помеѓу Барселона и Реал (М).

Како што стојат работите сега, Барселона ќе влезе во „Ел Класико“ со многу подобро расположение со оглед на состојбата на табелата, а овој дуел ќе биде од големо значење за Реал (М), односно „кралевите“ нема да имаат право на лош резултат.

Секако, покрај репрезентацијата, „Ел Класико“ е најважната тема во шпанските медиуми, а оние кои сакаат да го гледаат најголемото шпанско дерби во живо ќе мора да ја стават раката длабоко во џебот.

Најевтиниот билет е во категоријата Гол 3. и чини 199 евра, додека цените во најскапите категории се неколку пати повисоки.

Цените за стандардните седишта моментално се движат од 476 до 999 евра. Најскапите редовни билети се достапни во секторите Трибјун 2 Инфериор и Трибјун 1.

Барселона нуди и премиум пакети, почнувајќи од 2.050 евра, а најскапите опции достигнуваат 5.500 евра.

Цените на билетите всушност уште еднаш покажуваат колку комерцијална вредност има натпреварот помеѓу Барселона и Реал затоа што „Ел Класико“ едноставно не е обичен дуел.

Тоа е судир на најголемите ѕвезди на шпанскиот фудбал, спектакл кој привлекува внимание низ целиот свет, и токму затоа, и покрај превисоките цени, интересот за билети е традиционално огромен.

Да додадеме и дека претходното „Ел Класико“ на стадионот „Камп Ноу“ ѝ донесе на Барселона рекордни 16,4 милиони евра приходи од билети.

ИЗДВОЕНИ