Директорот на средното училиште „Фернан Дегресилие“ во француската општина Ошел (департман Па-де-Кале) денеска беше погоден во увото од пиротехничко средство за време на протест на учениците и беше пренесен во болница, соопштија локалните власти.
Училишната управа најави дека ќе поднесе пријава во врска со инцидентот, пренесе БФМ.
Учесниците во протестите што изминативе денови се одвиваат низ Франција, денеска предизвикаа пожари во најмалку две образовни установи.












