Квотербекот на Филаделфија Иглс, Џејлен Хертс, се соочува со сериозни здравствени проблеми откако лекарските прегледи откриле крвни згрутчувања во двете бели дробови. Според американските медиуми, постои голема можност неговата сезона да е завршена.

Дополнителните испитувања потврдиле длабока венска тромбоза и билатерална пулмонална емболија. Првично, проблемот бил поврзан со згрутчување на крвта во левиот лист на ногата, но подоцнежните прегледи покажале дека состојбата е посериозна.

Сепак, од клубот, и неговата агентка Никол Лин соопштија дека Хертс е клинички стабилен и дека не се очекуваат долгорочни компликации. Неговиот третман ќе вклучува антикоагулантна терапија, поради која нема да смее да учествува во активности со физички контакт.

Отсуството на првиот квотербек е сериозен удар за Филаделфија, која има проблематичен почеток на сезоната со две победи и четири порази. Сепак, во овој момент најважно е закрепнувањето на Хертс, додека неговиот евентуален камбек ќе зависи исклучиво од здравствената состојба и од процената на лекарите.

 

ИЗДВОЕНИ