Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени, ќе дува засилен ветер, долж Повардарието ќе достигнува брзина до 60 км/h
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска објави портокалов метеоаларм за територијата на целата држава.
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
И во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро, до 33 во текот на денот.
За утре од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Следната недела времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност во текот на денот.












