среда, октомври 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК: Утрово се активни шест пожари во неколку општини, пет се ставени...

ЦУК: Утрово се активни шест пожари во неколку општини, пет се ставени под контрола

84

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово активни се шест пожари во земјава, пет се ставени под контрола, а 19 се изгаснати во изминатото деноноќие.

Активни се пожарите во с. Грачани и с. Никиштани, а пожарот е активен и на територијата на Република Косово, каде гори шума.

На територија на Општина Македонски Брод активен е пожарот во с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот, каде гори нискостеблеста и мешана шума. Во Општина Чучер-Сандево поточно во с. Брест, месност Рамно гори мешана шума.

Во околината на кичевските села Кнежино и Добреноец гори нискостеблеста шума, а ниска вегетација гори во местото викано Дарда во околината на село Тајмиште. Активен е и пожарот во Општина Ново Село во с. Стиниќ каде гори мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во:

Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума);
Општина Македонски Брод: с. Брезница (ниска вегетација и помошен објект);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Кратово: Кратово (депонија);
Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).

Изгаснати се пожарите во:

Општина Неготино: с. Црвени Брегови (ниска вегетација);
Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Брвеница: с. Милетино и с. Радиовце (ниска вегетација);
Општина Гостивар: с. Равен (ниска вегетација);
Општина Гостивар: с. Форино (ниска вегетација);
Општина Куманово: населба Бедиње, покрај железничката пруга (ниска вегетација);
Општина Куманово: ул. Ѓорче Петров (ѓубре);
Општина Липково: с. Ваксинце (стрниште);
Општина Битола: с. Ротино (ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Ново Лагово (ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Тополчани (ниска вегетација);
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (депонија);
Општина Струга: с. Подгорци (ниска вегетација и мешана шума);
Општина Маврово и Ростуше: место викано Чавкарник над Маврово (ниска вегетација, пасишта и мешана шума);
Општина Сопиште: с. Горно Соње (ниска вегетација);
Општина Струмица: с. Куклиш (депонија);
Општина Гевгелија: на патот Богданци–Гевгелија (ниска вегетација и трска);
Општина Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација, грмушки и борова шума).

ИЗДВОЕНИ